(ВИДЕО) Снимен неговиот таен кабинет - Путин за првпат ја покажа просторијата во која новинарите никогаш не влегле

Претседателот на Русија првпат го покажа својот таен кабинет во првата зграда на Кремљ..

Во тој кабинет Путин не држи јавни состаноци, па претходно таа врата беше затворена за новинарите.

Путин за време на интервјуто за програмот „Русија. Кремљ.Путин“ на телевизијата „Русија 1“ направи исклучок од ова правило. Претседателот започна разговор со новинарите во својот кабинет, каде обично одржува работни состаноци и состаноци со мал број учесници. Рекол дека зад вратата има уште неколку простории.

„Таму има трпезарија и соба за одмор. Но, ве предупредувам, ништо не сум подготвил, така што таму е...работна атмосфера“, рекол шефот на државата.

„Овде сте веројатно први“, им рекол Путин на новинарите покажувајќи кон својот кабинет.

Покрај масата на претседателот биле поставени детски цртежи и подароци упатени за претседателот, на ѕидот од кабинотот - портрет од Петар Први. Внатрешноста на просториите исполнета со светли бои.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top