(ВИДЕО) Сомнителна пратка испратена во Македонскиот конзулат во Мелбурн

Паника помеѓу конзуларните претставници на странски држави во Мелбурн, меѓу кои и Македонскиот конзулат предизвикаа чудни пратки со бел прашок..

При брзата интервенција на полицијата сторителот бил веднаш откриен и приведен. Станува збор за 48-годишен Австралиски државјанин од турско потекло кој живее во Шепартон.

Екипата на Фаланга заедно со останатите медиуми од Мелбурн, меѓу кои и 7 News и Channel 9, беа на местото на настанот кога полициските екипи на федералната полиција на Австралија заедно со противпожарната служба ги евакуираа сомнителните пратки.

Загриженост и паника владееше меѓу вработените во Македонскиот конзулат и вршителот на должност не беше расположен за давање изјави пред камерите.

Сепак, брзата и професионалната интервенција на полиција придонесе се да заврши на добар начин без никакви последици и со приведување на сторителот на кого му претстои 10-годишна казна затвор.


Извор на видеото: 7News


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top