(ВИДЕО) Соработката на ИНТЕГРА со партијата на Македонците во Албанија "Македонска алијанса"

ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија додели донација од 150 комплети учебници на македонски јазик за прво до петто одделение за нашите дечиња Македонци во Пустец Албанија..

Со цел да се реши проблемот со кој се соочуваа училиштата во Општина Пустец, кои имаа недостаток од учебници по математика и по природни науки на македонски наставен јазик, ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија на барање на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, донираше учебници и работни тетратки по математика и природни науки – предметите за кои е предвидено наставата да се одржува на македонски јазик, од прво до петто одделение во две училишта во оваа област: ОУ „Отпорот на Горичени“ во Долна Горица и „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец. Според законската регулатива во Албанија, образовниот процес во Општина Пустец, Мала Преспа, каде што живее признато македонско малцинство, 60% од наставата треба да се одвива на македонски јазик.

Соработката на ИНТЕГРА со партијата на Македонците во Албанија "Македонска алијанса" и со пратеникот во Албанскиот парламент, Македонецот Васил Стерјовски продолжува велат од Интегра. 

ИНТЕГРА на дело ги реализира постулатите од Новата македонска ренесанса, а кои се остварување на македонското национално единство со соседството како силна компонента за македонските национални стратегиски интереси во татковината Македонија и насекаде низ светот вели Г-дин Љупчо Ристовски, Претседател на ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top