(ВИДЕО) Спектакуларен концерт на Синтезис во Мелбурн 2019
Македонците во Мелбурн имаа чест да уживаат во музиката на „Синтезис“..

Во Сабота, 23 ноември 2019, во Мелбурн во прекрасната сала „Thornbury Theatre Hall“ концерт одржа познатиот Македонски етно бенд „Синтезис“.
Во организација на Feel Balkan, и Сотир Стојчевски, салата беше преполна со стотици Македонци кои уживаа во прекрасната музика на „Синтезис“.
Концертот помина во пријатна атмосвера, а естрадните уметници од Македонскиот ансамбл „Синтезис“ го дадоа својот максимум за да може публиката да ужива во звуците на традиционалната Македонска музика, во звуците на зурлата, кавалот, гајдата, тапанот, тарабуката и тамбурата едноставно во фолклорното наследство на Македонија пренесени од дедо прадедо.
Пред концертот на „Синтезис“, неколку песни испеаја и „Sonic Temple“ од Мелбурн, чии менаџер и тон мајстор е Горан Вељановски.
Синтезис продолжува со препејување на стари, заборавени, а понекогаш и скоро никогаш не слушнати Македонски песни, кои се дел од богатото македонско музичко наследство.
Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.