(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Москва по повод денот на победата

Спектакуларен огномет го осветли московското небо по повод парадата што се одржа денес во руската престолнина по повод Денот на победата над фашизмот..

Утрово во Москва се одржа парада како дел од 75-годишнината од крајот на Втората светска војна.

На церемонијата присуствувале лидери на 13 земји, меѓу кои и српскиот претседател Александар Вучиќ.

15.000 војници марширале низ Црвениот плоштад, вклучувајќи единици за парада од Србија, Ерменија, Белорусија, Узбекистан, Индија, како и други земји.

Рекорден број воена опрема имало на парадата – 234 единици, 80 авиони и хеликоптери.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top