(ВИДЕО) Спектакуларна парада во Кина: „Ниедна сила не може да ја запре големата нација“

Во Пекинг со воена парада се одбележуваат 70 години од основањето на Народна Република Кина, во моменти ога земјата се соочува со бројни предизвици, меѓу кои се и повеќемесечните антивладини протести во Хонк Конг и економската војна со САД..

Воената парада во која учествуваат неколку десетици илјади војници, ја следи претседателот Си Џинпинг, облечен во сива униформа, како онаа што ја носеле кинеските лидери во време на создавањето на Републиката.

На парадата не се повикани странски државници, а на настанот присуствуваат само амбасадори кои се на служба во Пекинг. На парадата ќе бидат пуштени 70 000 гулаби како симбол на мирот, а вечерта ќе биде организиран спектакуларен огномет.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top