(ВИДЕО) „Stella Band“ од Мелбурн издадоа нов видео спот „Крштевка Сплет“

Реализиран успешен музички проект на „Stella Band“ од Мелбурн.

Групата „Stella Band“ од Мелбурн раководена од менаџерот Роберт Митревски успешно функционира неколку години и затоа беа решени преку своето знаење во музиката да реализираат еден музички проект во кој ќе ги задоволат вкусовите на публиката во Австралија и пошироко.

Имено, музичкиот состав „Stella Band“ од Мелбурн сними сплет на песни наречен „Крштевка Сплет“ во студио во Мелбурн.

Нa на нивниот YouTube канал, пред неколку денови беше објавен сплетот составен од песните: Ајде Куме Напред Сега, Среќна Ти Крштевка Најмило Мое, Расти Чедо Мое Најмило.

Видео спотот беше сниман во ресторанот „Македонска Стара Куќа“ во Thomastown.

„Stella Band“ од Мелбурн се почесто можеме да ги забележиме на крштевки, свадби, родендени, балови и игранки низ Мелбурн.

За сите заинетесирани кои сакате да ги пазарите за вашите свечености обратете се на Роберт: 0420830073.

Погледнете го видео спотот на „Stella Band“



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top