(ВИДЕО) Стојне Николова Најубар дочек на новата година е во кругот на смејството

Таа е позната македонска фолк пејачка..

Млада, згодна и многу убава и секако одлично ги пее сите македонски народни песни, а и оние поновите. Зад себе има неколку познати хитови по кои што и ја препознаваме. Вели дека не верува во Дедо Мраз, но затоа пак понесена од новогодишната еуфорија ги гледа сите новогодишните филмови со него. Го сака овој период од годината кога сите заедно семејно се собираат, кога едноставно се е толку убаво и волшебно.

Како и на кој начин фолк пејачката Стојне Николова ги поминува новогодишните празници, што е тоа што неа ја прави среќна во овој период од годината и што е она што таа го планира во иднина, прочитајте во новогодишното интервју посветено само на неа, една од најдобрите пејачки на македонската фолк сцена.

Музика24: Наближуваат Новогодишните и Божиќни празници, како се чувствуваш секогаш кога доаѓа овој период од годината? Дали можеби се радуваш на целата предновогодишна и празнична адмосфера и еуфорија или пак едноставно сето тоа за тебе се само обични денови кога малку повеќе се одмора, јаде и пие?

Стојне Николова: За мене овој период е дефинитивно најубав во годината. Цела таа празнична еуфорија, украсени домови и улици… а и луѓето се некако порасположени… се е така волшебно и маѓично.

Музика24: Дали и после толку години веруваш во легендата и приказната дека постои Дедо Мраз?

Стојне Николова: Не верувам, но секоја година си ја украсувам елката и понесена од цела таа предновогодишна еуфорија си гледам филмчиња со Дедо Мраз (се смее).

Музика24: Сите ние малку или повеќе на некој чуден начин веруваме дека Дедо Мраз ќе ни донесе некаков подарок, односно, она што сме си го посакале. Дали можеби како дете си оставала празни новогодишни чорапчиња и си го чекала подарокот од најпосакуваната личност во овој период од годината, дедото со бела брада?

Стојне Николова: Секако, секоја година јас и моите двајца браќа со нетрпение го чекавме Дедо Мраз. Дедо ми беше тој кој се облекуваше како Дедо Мраз и ни ги носеше сите посакувани подароци.

Музика24: Како вообичаено се подготвуваш за дочекот на Новата година? Подготвувашспецијалитети, сакаш да уживаш во прошетките со најмилите, купуваш подароци за своите…?

Стојне Николова: Со оглед на тоа дека секојдневно сум на настапи, немам многу време да подготвувам јадења, но мајка ми е таа која секоја година не изненадува и ни ги подготвува нашите омилени јадења и колачи… а јас и моето внуче купуваме лапиони и многу слатки и бонбончиња и ја украсуваме елката.

Музика24: За дочекот на Новата година секогаш и пред се тебе ти е битно добро друштво, забава и музика… или пак онака домаќински во опуштена адмосфера со малку повеќе храна, пиење, шала, смеа и потоа секако некој добар новогодишен филм?

Стојне Николова: Повеќе сум за опуштена атмосфера во кругот на најблиските со убавите јадења на мајка ми, со шалите на брат ми и секако гледање новогодишни филмчиња до раните утрински часови, но за жал сето ова е само сон бидејќи секој дочек на Нова година јас го поминувам работно.

Музика24: Како и на кој начин ги изненадуваш саканите за Новогодишните празници? Кој е подарокот кој што вообичаено сакаш да го подариш, и што е она што тебе би те изненадило како подарок?

Стојне Николова: Па секако дека си даруваме подароци, но најубавиот поклон за нив, а и за мене ќе биде заедно да ги поминеме празниците.

Музика24: Што всушност за тебе претставува сета таа празнична предновогодишна еуфорија, дочекот на Новата година и сите оние мали и поголеми случувања поврзани со овие празници?

Стојне Николова: Една традиција која што ги сплотува и зближува луѓето да поминат повеќе време заедно со нивните семејства во овие тешки времиња.

Музика24: Како, каде и на кој начин ќе ја испратиш 2019-та, а ќе ја дочекаш Новата 2020-та година?

Стојне Николова: Новата година ќе ја дочекам работно во ресторан “Биен” во Скопје.

Музика24: Кој е според тебе настанот од областа на музиката кој што ја одбележи 2019-та?

Стојне Николова: Сите македонски фестивали.

Музика24: Веќе сме на прагот на една нова и се надеваме и веруваме поуспешна и поубава година за сите нас. Кои се твоите планови, замисли и идеи за Новата 2020-та година? Што би сакала да ти се случи, оствари и реализира на приватно поле и во полето на музичката кариера?

Стојне Николова: Па имам навистина доста идеи и проекти кои чекаат да бидат реализирани. Пред Новата година ке промовирам видео за една стара народна песна, но со поинаков аранжман и се надевам дека и тоа како ќе ви го задржи вашето внимание, бидејќи вложено е многу работа и труд. Работно ќе го поминам и првиот месец од Новата година, а фебруари ќе направам мала пауза и ќе си се посветам себеси и на моите најблиски… а потоа со наполнети батерии и нови сили заминувам за Австралија. Посакувам да поминувам повеќе време со најблиските… а за останатото се си тече како што треба.

Музика24: И како за крај на ова наше новогодишно интервју, што од срце би им посакала на твоите фанови, подржувачи, како и читатели на музичкиот портал Музика24?

Стојне Николова: Да се живи и здрави да го читаат музичкиот портал Музика24 и да слушаат убава македонска музика.

Извор: Музика 24



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top