(ВИДЕО) Стружанец во Мелбурн си ги уби ќеркара и зетот

Ветон и Линдита Мусаи биле застрелани во нивниот дом..

Млад брачен пар е убиен во Австралија последниот ден од годината, а единствен осомничен е таткото на жената. Настанот се случил во предградие на Мелбрун, а младиот сопруг Ветон Мусаи кој имал 29 години е по потекло од Струга. Дваесет и пет годишната Линдита починала на лице место, а Ветон утредента во болницата.

Таму во моментот е и единствениот осомничен, таткото на убиената затоа што и тој има прострелна рана која си ја нанел обидувајќи се да се самоубие. 

Ветон Мусаи бил вработен во австралиската национална банка и бил син на поранешниот шеф на албанското здружение на заедници во Австралија, Алил Мусаи, со потекло од Струга.

Причина за смртта да Ветон и Линдита се нарушени семејни односи.

Пред година време Ветон и Линдита свадбата ја правеа во Шелдон Ресепшн во Мелбурн, но убиецот, Осман Шаптафај не бил поканет на свадбата.

Тие што ги познаваат младите се во шок на неверување дека настрадаа два млади животи.

Ова е моментот кога таткото на Линдита, Осман се обидел да си го земе животот откако би убил зетот и ќерката:

Непосредно пред трагедијата, Линдита и Ветон направи фотосесија за промоција на Шелдон Ресепшн. Погледнете го видеото и дел од фотографиите кои беа направени на фотосесијата:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top