(ВИДЕО): Танцот што го расплака и најстрогиот судија

На вчерашното големо финале од втората сезона на „Танц со ѕвездите 2“ финалниот танц кој го одиграа Сара Мејс и Мишо Спасовски, никого не остави рамнодушен..

Во категоријата Free style секој од паровите можеше да одбере песна и да направи сопствена кореографија со која ќе се покаже во најдобро светло.

Овој танц бил договор помеѓу Мишо Спасовски и минатогодишниот победник, кајакарот Атанас Николовски.

Заедно ја подготвувале кореографијата, а на Сара останало само да ја научи. Не можеше ниту да се претпостави што нѐ очекува на подиумот.

Танцуваа на моќната македонска  традиционална песна „Со маки сум се родила“ на која изведоа премногу емотивен танц, стилизиран со етно елементи, делови од орото „Тешкото“, многу драматични моменти и успеаја да раскажат цела приказна за борбата и маката на македонскиот народ.

Сето тоа придонесе за неверојатна атмосфера и меѓу публиката, но и кај сите кои неизбежно се соживеаја со целата изведба.

На крајот на танцот сите станаа да им аплаудираат, а покрај тоа што се расплака танчерот Мишо Спасовски, солзите не можеше да ги задржи ниту најстрогиот судија, Влатко, што се случува за првпат во овие две сезони.

Секако, за оваа изведба ги добија сите највисоки оценки, но, сепак според гласовите на публиката победници во финалето се Наташа Илиевска и Даниел Кимовски.


Погледнете го моќниот и емотивен танц на Сара Мејс и Мишо Спасовски:



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top