(ВИДЕО) „Танец“ одржа спектакуларен концерт во Мелбурн

Двочасовниот концерт на Танец ги воодушеви Македонците во Мелбурн..

На 17 ноември 2019, во Мелбурн во прекрасната сала „Melbourne Recital Hall“ Ансамблот Танец го одржa првиот концерт од Австралиската турнеја во 2019 година.

Пред присутните гости ансамблот „Танец“ се претставија во најдобро издание со свои изворни ора и песни од Македонија претставувајќи го Македонскиот фолкор пред Македонците во Австралија. 

Оркестарот беше под раководство на Маестро Милан Завков.

За време на концертот од публиката постојано пристигнуваа аплаузи и овации, а најзабележителен беше моментот кога настапи легендатната Сузана Спасовска со песната Земјо Македонска.

На концертот присуствуваа голем број на Македонски бизнисмени, претставници на Македонски Културно-Уметнички друштва, претставници од Австралискиот политички врв, претставници на Македонските политички партии Интергра и ВМРО ДПМНЕ, претставници на спортски друштва, претставници на Македонските медиуми од Македонија и Австралија, Фаланга, INTV Australia, SBS Radio и други медиуми.

Концертот помина во пријатна атмосвера, а естрадните уметници  од Македонскиот ансамбл „Танец“  кои се под раководство на директорор Мартин Вучиќ го дадоа својот максимум за да може публиката да ужива во звуците на традиционалната Македонска музика, во звуците на зурлата и тапанот и едноставно во фолклорното наследство на Македонија пренесени од дедо прадедо.

Овој пат, Македонците во Мелбурн ја имаа честа да го видат најдоброто од Македонија, т.е. Националниот Ансамбл на Македонски Народни Игри „Танец“ кој оваа години прослави 70 години од своето постоење и е најголем амбасадор на Македонската култура која ја промовира низ  целиот свет.

Домаќин на Ансамблот „Танец“ беше Ансамбл „Тоше“ од Мелбурн.

По завршувањето на концертот направивме кратка репортажа со присутните, а нивните коментари можете да ги погледнете во видеото во прилог.

Погледнете го видеото од спектакуларниот концерт на „Танец“ во Мелбурн:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top