(ВИДЕО): Тепачка во косовското Собрание

Пратеникот од Демократска партија на Косово, Џавит Халити, го удри пратеникот од Демократски сојуз на Косово, Арбен Гаши, на денешната расправа во Собранието..

Останатите пратеници спречиле посериозен судир.

Двајцата пратеници, по жестоката вербална расправија, отидоа чекор понатаму, па Халити го удри Гаши.

Претседателот на Собранието ги предупредил пратениците да се однесуваат согласно функцијата, но тие не го послушале.

Судирот меѓу пратениците изби за време на гласањето за судии на косовскиот уставен суд.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top