(ВИДЕО) Тепачка во Парламент

Доцна синоќа се случила тепачка меѓу пратениците на владејачката партија Смер- СД и претставници на опозицијата, јави дописникот на МИА од Прага..

Словачките пратеници, на вчерашната вонредна седница, која траела до раните утрински часови, а ќе продолжи и вечер, расправале за предлогот на опозицијата за изгласување недоверба на премиерот Роберт Фицо.

Опозицијата, која нема доволно гласови за отповикување на Фицо, предлогот го поднесе заради наводно неповолно купување на акции на Словачката компанија за плин (СПП), одобрено од Владата.

Конкретната причина за „пратеничката" тепачка била фигура од хартија на словачкиот премиер, која на говорницата ја поставиле опозициските пратеници откако Фицо и министрите ја напуштиле седницата.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top