(ВИДЕО) Терорист се заканува дека ќе го освои светот

Иако се претпоставува дека ова не е неговото вистинско име, тоа сепак има големо влијание врз ширење на исламскиот тероризам во Ирак.

Абу Бакр ал Багдади е командант на движењето Исламска држава Ирак и Левант (ИСИС), од Ирак и Сирија чии што припадници моментално контролираат голем дел од територијата на Ирак, за кој што сосема малку се знае.

Иако се претпоставува дека ова не е неговото вистинско име, тоа сепак има големо влијание врз ширење на исламскиот тероризам во Ирак.

Тој помеѓу членовите на движењето е познат како Ибрахим Авад Ибрахим, Али ал Бадри, Абу Бакр ал Багдади, Ибрахим Ањад, Ибрахим Али ал Бадри ал Самараи, Др. Ибрахим и Абу Дуа.

Како огранок на Ал Каеда на 8-ми април 2013 година ја основал исламистичката група ИСИС, која уште се нарекува и Исламска држава на Ирак и Левант, која што претставува многу поголема закана за целиот свет.

Освен напади на владини и воени цели, оваа група презеде одговорност и за смрт на илјадници ирачки цивили. Во актуелната граѓанска војна во Сирија е забележано активно присуство на џихадисти, членови на оваа група.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top