(ВИДЕО) Терористички напад во Мелбурн: Муслиман со џип влезе во толпа народ

Седум лица, меѓу кои и едно мало дете, се во болница, а 12 лица се на лекување откако автомобилот влета во пешаците во централниот дел на Мелбурн..

Пред железничката станица на Мелбурн каде што има движење од над еден милион патници дневно се случи терористички акт каде што возило по марка Сузуки газеше невини патници.

Надлежните органи во Мелбурн претходно имаа поставено сирени за да ги информираат жителите во центарот на Мелбурн доколку дојде до терористички напад за кој порано имаше индикации дека ќе се случи.

Возачот е уапсен заедно со вториот човек. Двајцата се во притвор, сопштуваат од полицијата.

Мало дете доживеало повреди на главата и било пренесено во Royal Children's Hospital, соопштија од Ambulance Victoria.

Три пациенти биле однесени во болницата Алфред и уште тројца во болницата во Royal Melbourne Hospital. Нивнaта состојба не е пријавена.

Воздушната снимка од сцената покажува дека белиот Suzuki се удрил во трамвајска станица.

Возачот намерно поминал на црвено во околу 4.30 часот, изјавија сведоците за радиостаницата 3AW.

Сведокот Џим изјави дека џипот марка Сузуки патувал западно по улицата Flinders Street со 100 км / ч. 

"Раскрсницата беше полна со пешаци и тој наеднаш влета во нив", изјави тој за ABC TV.

"Единственото нешто што го успори беа пешаците.

"Немаше кршење, немаше успорување. Дали несреќата е намената или возачот имал срцев удар или бил пијан, не знам".

Винс работи во продавница на Flinders Street станицата и се упатил на местото на настанот, пред пристигнувањето службите за итни случаи.

"Немаше врева, само луѓе што лежеа", изјави тој за ААP, додавајќи дека очевидците брзо бркаа да даваат рака.

"Тие само ги држеа и ги тешеа".

Додека луѓето се обидувале да го извадат возачот, то извикувал „Алаху Акбар“.






Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top