(ВИДЕО) Тероризам во Париз: Убиен полицаец, двајца ранети

Во терористичкиот напад на славната авенија Шанзелизе во Париз, загина еден полицаец а двајца се ранети, потврди претседателот на републиката Франсоа Оланд и додаде дека се работи за терористички напад..

Нема починат втор полицаец како што претходно беше објавено.

Напаѓачот беше убиен, иако има извештаи дека имало и втор напаѓач, според француските медиуми.

Париската префектура им советува на жителите и туристите да не одат во овој дел од градот.

Според портпарол на Министерството за внатрешни работи, пукањето не е поврзано со кражба како што претходно беше јавено. Напаѓачите намерно пукале на полициска кола.

Париското антитерористичко обвинителство потврдува дека се работи за терористички напад.

Првата реакција дојде од САД од Доналд Трамп кој го испрати своето искрено сочувство до францускиот народ и изјави дека се наведува на тоа дека се работи за тероризам.

Франција во недела го бира својот нов претседател. Тероризмот е една од главните теми на овие избори, особено по нападите во Париз и Ница за кои одговорност презеде терористичката организација Исламска држава.

Оланд изјави дека ќе биде сторено се за да можат изборите во недела да поминат во сигурни услови.

Двајца од кандидатите, Марин Ле Пен од екстремно десната партија Национален фронт и десничарот Франсоа Фијон најавија дека ги откажуваат утрешните митинзи. Утре е последен ден на изборната кампања.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top