(ВИДЕО) Тортевски: „Рекет“ брзо ќе заврши и ќе има сериозни казни

Случајот „Рекет“ ако се заврши брзо, на основа на докази и постапки, има надеж за судството, рече новинарот Александар Чомовски во вечерашното гостување во „КликПлус“ на 21ТВ..

-Јас во периодот додека сум бил во СЈО немало ништо од овој случај, реплицираше адвокатот Александар Тортевски.

Tој рече дека „Рекет“ брзо ќе биде процесиран и со сериозни казни за инволвираните.

-Сигурен сум дека ќе оди брзо. Обвинителството прави грешка со мегапредмети. Кога имате 70-80 обвинети и голем број докази тешко оди, рече Тортевски.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top