(ВИДЕО) Трамп: Багдади не умре како херој, тој умре како куче и како кукавица

Американскиот претседател Трамп и се обрати на нацијата во која соопшти дека е убиен светскиот терорист број еден ..

„Минатата вечер САД го изведоа терористичкиот лидер бр.1 во светот пред лицето на правдата. Абу Бакр ал-Багдади е мртов.

Вака го почна американскиот претседател Доналд Трамп обраќањето до нацијата, соопштувајќи ја веста која денеска го обиколи светот дека првиот човек на злосторничката и озлогласена ,,Исламска Држава“ Абу Бакр ал-Багдади е мртов и дека за тоа има сериозни докази направени со де ен ка анализа.Тоа е тој-уверено потврди Трамп.

Во јавното експлике Американскиот претседател  ја објасни акцијата на американските специјални единици во Сирија која следела по двонеделно снимање на теренот. Истата ја оцени за неверојатно професионално изведена .Дека во неа од куќата биле изнесени 11 деца неповрдени но дека за жал три деца  ал-Багдади успеал да земе со себе и загинале заедно со него во тунелот во кој тој се разнел со експлозивен елек.

Трамп во своето обраќање рече дека сто процентно САД го уништиле калифатот на Багдади дека Исламска Држава не била свесна во што се впушта и дека ел Багдади бил  „болен и расипан човек“,„злобен и насилен и умрел на злобен и насилен начин“но не како херој.

Доналд Трамп: Тој умре како куче, тој умре како кукавица. Тој плачеше цимолеше и врескаше.

Трамп во обраќањето истакна дека за операцијата знаеле и Русија, Ирак и Турцијаи дека сите се однесувале одлично. Но дека европските нации биле огромно разочарување поради тоа што не ги примиле заробените борци на ИСИС.

„Моите луѓе многу ѕвонеа и велеа, земете си ги вашите борци на ИСИС...“, рече тој. Тој ги издвои Франција, Германија и Велика Британија и дека американските даночни обврзници нема да плаќаат за да ги чуваат борците на ИСИС од други земји.

Во меѓувреме светските агенции лиферуваат и фотографии на кои се гледа како во Белата куќа била дочекана веста за убиството на Абу Бакр ал-Багдади.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top