(ВИДЕО) Трамп одби да се ракува со Меркел во Белата куќа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, одби да и пружи рака на германската канцеларка Ангела Мекрел по разговорот во четири очи..

Иако претходно срдечно ја дочека канцеларката Меркел пред Белата куќа, кога и се ракуваа, Трамп во Овалната соба не се одѕва на молбата на фоторепортерите и снимателите да и пружи рака на својата гостинка.

Разговорот кој траеше 15 минути, двајцата го оценија како „добар“, а потоа беа повикани новинари и сниматели. Трамп, како што пренесуваат германските медиуми, делувал релативно напнато и озбило.

„Пратете убава слика дома во Германија“, им рече Трамп на фоторепортерите.

Кога снимателите почнале да дофрлаат: „Ракување, ракување“, Трамп не реагирал.

Потоа и Меркел се обидела да измами ракување, но Трамп не реагирал ни на тоа.

„Ќе си пружиме ли рака еден на друг“, праша Меркел на англиски јазик.

Но, Трамп само се смешкал кон камерите и здрвено гледал пред себе како да не ја слуша Меркел.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top