(ВИДЕО) Трамп: САД многу наскоро ќе се повлечат од СиријаОбјавено

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа рече дека САД ќе се повлечат од Сирија многу наскоро..

Ваквата изјава следува само неколку часа откако Пентагон ја истакна потребата американските војници да останат во земјата, објави Си-ен-ен.

„Наскоро ќе се повлечеме од Сирија. Другите нека се грижат сега за тоа. Ќе се вратиме во нашата земја, каде што припаѓаме, каде што сакаме да бидеме “,  изјави Трамп пред поддржувачите во Охајо.

Си-ен-ен објави дека неименуван американски официјален претставник за одбрана, кој е директно запознаен со кампањата на ИСИС, рекол дека е нејасно што мислел претседателот со овие изјави. Според него, сегашната проценка на војската е дека не е време да се разгледува повлекување од Сирија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top