(ВИДЕО) Трамп шокира и во време на коронавирусот

Болниците се пренатрупуваат со респиратори што нема да ги користат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, кој синоќа се обрати до јавноста во врска со повеќе теми кои се однесуваат на пандемијата на коронавирусот..

Тој практично ги обвини болниците дека набавуваат премногу респираторни апарати, кои во моментов се дефицитарни во САД, нагласувајќи дека оние болници кои нема да ги користат, дека ќе мораат да се ослободат од нив.

-Имаме некои даватели на здравствени услуги, некои болници кои забрзано се снабдуваат со респиратори, а особено болници кои никогаш нема да ги користат. Ваквите здравствени установи ќе мора да се ослободат од нив, рече американскиот претседател.

Трамп овие забелешки ги изнесе само два дена откако нареди компанијата „Џенерал моторс“ да произведува респиратори за лицата на кои им се потреби ваквите апарати кои се инфицирани со Ковид-19, истовремено обвинувајќи го автомобилскиот гигант за „губење време“ во преговори.

Инаку, администрацијата на Трамп е под притисок да го зголеми производството на респиратори кои се клучни за зачувување на животите на пациентите со компликации од вирусот. Во меѓувреме, водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи предупреди дека милиони Американци ќе бидат заразени со новиот коронавирус и дека се очекува дека меѓу 100.000 и 200.000 луѓе да починат од вирусот ширум САД. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top