(ВИДЕО) Трамп твитна исмејувачко видео од себе си како го „претепува“логото на Си-ен-ен

Американскиот претседател на Твитер објави намонтирана снимка на која се гледа како претепува човек кој наместо глава има кутија со логото на Си-ен-ен..

Трамп не напиша никаков коментар на видеото на Твитер иако стави хаштаг „лажнивести“ (fraudnewsCNN, FNC).

Претходно Трамп објави твит во кој вели дека телевизијата Си-ен-ен би требало да го промени своето име во „Лажни вести Си-ен-ен“.

Авторот на ова кратко видео не е познат, но е објавен на официјалниот Твитер профил на Трамп.

Портпаролката на Си-ен-ен смета дека „детското однесување“ на Трамп е далеку под достоинството на неговата функција, пренесе АП.

„Ние ќе продолжиме да ја вршиме својата работа. Тој би требало да почне да ја работи својата“, изјави портпаролот на Си-ен-ен.

Си-ен-ен неодамна објави напис во врска со истрагата на Конгресот и врските помеѓу администрацијата на Трамп и Русите, меѓутоа, мораа да ја повлечат приказната само еден ден по објавувањето, а тројца новинари поднесоа оставка.

Оставката на тројцата новинари на Си-ен-ен Трамп ја искористи за напад на кредибилитетот на Си-ен-ен.

„Леле, Си-ен-ен мораше да ја повлече големата приказна за Русија, додека тројца вработени беа принудени да поднесат оставка. Што е со сите други лажни приказни на кои што работат? Лажни вести!“ напиша Трамп на Твитер.

Потоа повторно ги нападна медиумите на Си-ен-ен и Ен-би-си, како и водителите на утринската програма, кои ги нарече глупави и луди.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top