ВИДЕО: Тренерот на Бруклин Нетс, Џејсон Кид заработи казна од 50 000 долари

Намерно истури пијалок на паркетот со цел да се одолжи натпреварот.

Тренерот на Бруклин Нетс, Џејсон Кид заработи казна од 50 000 долари поради намерно истурање на пијалок на паркетот со цел да се одолжи натпреварот.

Легендарниот плејмејкер на натпреварот помеѓу Бруклин и Лејкерс (94:99) ги имаше искористено сите тајм-аути, па во последните секунди од мечот на лукав начин се обиде да дојде до него, па со помош на неговиот играч Тајшон Тејлор истурија сок на паркетот, откако овој „ненамерно“ го удри на Кид.
Намерата на Кид беше забележана од телевизиските камери, па сега стратегот на Нетси ќе плати казна од 50 000 долари. Можеби за новопечениот тренер оваа казна и е најмал проблем, бидејќи „мрежичките“ имаа очаен старт на сезоната и само четири победи по првите 15 натпревари.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top