(ВИДЕО) Трио „Кладенец“ ќе допре до секој Македонец со - „Да си вечна земјо моја“

„Да си вечна земјо моја“ – темата со која вокалното трио „Кладенец“ се претстави на годинешниот „Лешочки фолк фест 2018“, доби и свој автентичен видеозапис, а спотот деновиве беше промовиран и пуштен во македонскиот медиумски етер..

Инаку вокалното трио „Кладенец“ е оформено од Сашо Костадиновски, дипломиран етнокореолог на Факултетот за музичка уметност во Штип и Уметнички раководител на КУД “Кирил Пејчиновиќ” Теарце. 

Преку вокалното трио „Кладенец“ тој и неговата вокална дружина која покрај него уште ја сочинуваат Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски, негувајќи ги изворните македонски песни, придонесуваат во зачувување на традиционалните вредности на Република Македонија, а изворниот фолклор е секако една од нив.

Музиката и аранжманот на песната се напишани од Јован Василевски, тексот е на Мирослав Гавровски, а покрај вокалното трио „Кладенец“ во видеото се појавуват како артисти Иван Божиновски и групата „Сербез“.

Традиционалните инструменти ги свири Горанчо Ангелов, додека како продуцент се јавува Ѓорѓе Богдановски.

Спотот е снимен на неколку различни, но автентични локации низ Македонија, а како директор на фотографија се јавува Ненад Велковски, додека видеото го потпишува „Ред централ продукција“.

Како звучи песната и изгледа видеото, за кои, како што велат самите изведувачи: „…Ќе допре до секој Македонец“ – проследете во продолжение:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top