(ВИДЕО) Турскиот фудбалер Арда Туран му скрши нос на пеач во ноќен клуб

Турскиот фудбалер и член на Башакшехир Арда Туран, предизвика тепачка во ноќен клуб, а во мешаницата настрада локалниот пејач Беркај, објавија медиумите во Турција..

Тој во пијана состојба и пришол на жената на турскиот пеач Беркај Шахин. Пеачот ја увидел ситуацијата и и рекол на сопругата да замине,а се обидел да разговара со Туран, но веднаш добил бокс во носот, кој му бил скршен.

Шахин веднаш бил однесен во најблиската болница за итна операција. Арда Туран наводно и рекол на девојката на Беркај дека би спиел со неа ако не бил оженет.

Медиумите пренесуваат дека потоа настанала дополнителна драма откако Арда пристигнал во болницата каде Беркај бил опериран, со себе носел револвер и барал прошка,

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид на социјалните мрежи потврди дека имало инцидент, но одрече дека тој се случил поради неговите коментари кон девојката на Беркај.

Инаку, минатата сезона, Арда доби рекордна суспензија на 16 натпревари откако нападна судија во турското првенство.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top