(ВИДЕО) УМС на ВМРО - ДПМНЕ - Австралија со задграничните комитети упати реакција до партијата СДСМ и Зоран Заев

Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ за Австралија, здружени заедно со сите комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија со реакција до партијата СДСМ и нивниот претседател г. Зоран Заев..

Реакцијата интегрално ви ја пренесуваме во целост:

Реакција од Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ за Австралија, здружени заедно со сите комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија и од собраниот Македонски народ, на ден 28.02.2017 ја испраќаме оваа реакција до партијата СДСМ и нивниот претседател г. Зоран Заев.

ДОСТА Е  !

Огорчени, навредени и крајно вознемирени сме од антидржавната, антимакедонската и антиевропската политика на СДСМ, чии последици ќе бидат несогледливи, тешки  и долгорочни за Република Македонија.

Невиден скандал и опасно играње со оган е, да се тргува со националните интереси, да се разнебитува македонското национално ткиво, да се прави јазичен геноцид на македонскиот народ во својата татковина.

Никако не можеме да дозволиме и ние младите од Австралија, чии корени ни се македонски, немо да го гледаме тоа што се случува. Нема да дозволиме и воопшто нема да прифатиме двојазичност, кантонизација, двојазични банкноти и федерализација на Република Македонија. Немо да  се посматра  како СДСМ тргува и ги распродава националните интереси на Република Македонија. Го осудуваме најостро и недвосмислено таквиот предавнички однос. Таквото раскрчмување, и бланко давање поддршка од страна на СДСМ во преговорите и договорите со партијата на македонските Албанци – ДУИ. Која со  десет  пратеници добива сѐ што побара и напиша, само и само, СДСМ да дојде на власт.

Опасните егзибиции за некаква двојазичност и албанизација на целата територија на државата, која води кон разнебитување и делба на Македонија, мора да бидат запрени. СДСМ ќе биде на столбот на срамот во историските анали.

Ја поддржуваме одлучноста на победничката партија на последните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ, да биде на браникот на татковината, за да се зачува унитарниот карактер на земјата и националното достоинство на македонскиот народ. А секој етникум да ги има оние права, и она место кое им припаѓа според меѓународните стандарди.

Го споделуваме револтот и загајленоста на протестните маршеви на нашите браќа и сестри низ Македонија. Апелираме и велиме – доста е со делби, кавги и омраза. Повикуваме на единство, сплотеност, заеднички битки и ангажираност за изградба на просперитетна и единствена Македонија, со светла иднина во 21 век за сите,особено за младите луѓе. Македонија минувала низ многу турбуленции и проблеми и секогаш успевала да се справи успешно со нив. Така ќе биде и сега.

Ние младите од Австралија, со поддршка од нашите повозрасни сонародници, интелектуалци и од комитетите на ВМРО-ДПМНЕ на петтиот континент, упатуваме апел за ум, разум, чувство за државност, одговорност и љубов кон татковината.

Крајно време е да се кажи – доста е!

Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ за Австралија

  Претседател Сашо Наумовски

                                                                                    



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top