(ВИДЕО) Уште тоа им недостигаше: Низ Австралија се појавија огнени торнада

Во делови од јужна Австралија се појавија циклонски торнада од оган..

Тие се создадени од пирокумулонимбуси, или таканаречени огнени облаци, кои достигнуваат висина до 16 километри. Ваквите временски феномени дополнително ја комплицираат веќе исклучително опасната состојба во еден од најлошите сезонски пожари во Австралија.

Претходно оваа недела, огнено торнадо уништи  противпожарен камион, при што загина еден пожарникар, пренесува Си-Ен-Ен.

„Локалните екипи на местото на настанот беа преплашени од тоа што го видоа. Тие го опишаа возилото што беше зафатено од ненадеен налет на ветер и торнадо“, рече Шејн Фицсимонс од пожарникарскиот оддел на Нов Јужен Велс.

Пирокулумонимбусот се јавува кога, заради екстремната топлина предизвикана од масовните пожари, воздухот брзо се крева, со себе пуштајќи чад и создава ветрови. Ова создава облаци во облик на врвови кои создаваат многу непредвидливо време и им ја отежнуваат работата на пожарникарите.

Овие облаци можат да создадат и молња што не носи дожд.

„Предвидувањето на времето е клучно за контрола на пожарите, а кога ќе наидете на вакви услови и хаотичен ветер, многу е тешко да се предвиди во која насока и како ветерот ќе влијае на пожарот“, рече метеорологот Нил Бенет, портпарол на австралискиот метеоролошки институт.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top