(ВИДЕО) Успешно полета роботот птица со вистински пердуви

Научници креираа робот со име „PigeonBot“, кој е составен од 40 вистински пердуви и неколку други компоненти..

Додека авионите маневрираат така што ја менуваат позицијата на крилните елементи, птиците тоа го прават со менување на обликот на крилото во зависност од тоа на кој начин летаат.

Токму на тој начин се зголемува ефикасноста на крилјата, па научниците посакаа тие елементи да ги вметнат во летачка машина.

„PigeonBot“ успешно полета и успешно се спушти, што е огромен чекор за еволуцијата на летачките објекти.

Овој летачки робот би тебало да им послужи како инспирација на оние кои конструираат летала но и на оние кои ги проучуваат птиците.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top