(ВИДЕО) Велики Петок во Македонската православна црква Св. Петка во Рокдејл, Сиднеј - 2017

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос..

Овој ден се смета за најтежок празник во годината.
Тогаш се оди во црквата каде што се оставаат дарови на Распетието Христово, и цвеќето на „плаштеникот-оплакувњето Христово". 

На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. 

Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница" се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. 

Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. 

Исто така, се поставува и "„Распетието Христово" (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.

Оваа година сите Христијански верници на ист датум ги прославуваат големите Велигденски празници.

Насекаде во сите храмови и цркви се служат богослужби, така беше и ширум Австралија.

Во сите Македонски храмови и цркви во цела Австралија пред голем број на верници денес беше одбележан празникот Велики Петок.

Во Македонската Правослана црква св. Петка во Рокдејл, Сиднеј пред голем број на верници се изведе обредот на симболично погребување на Исус Христос.

Со богослужбата чиноначалствуваше Игуменот Гаврил.

Погледнете го видеото од денешната Боголлужба во Св. Петка



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top