(ВИДЕО) Велиновска: На Груевски, ни името не сакам да му го споменам

Мирка Велиновска и Миленко Неделковски со остри критики кон Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ..

Еден ден пред гласањето, таа беше разочарана зошто Груевски не упатил ниту една охрабрувачка порака до граѓаните.

„На Груевски, ни името не сакам да му го споменам, тој со својата суета, мисли дека намерно го напаѓаме за да му ја ослабиме позицијата. Тој не сфаќа дека позицијата му е лоша. Преку Павел Шатев, а го објави и Курир, праќа порака дека само Коце има двоцифрена разлика предност пред Шилегов. Во другите општини таа разлика е само 4, 8 или 9 процентна предност. А, Шилегов, не му е ни до колена на Коце. Да имаа здрав разум ќе пратеа солидна порака на охрабрување до граѓаните“, вели Велиновска.

И двајцата предвидуваа дека локалната трка сепак ќе биде загубена за ВМРО-ДПМНЕ.

Погледнете го ставот на Велиновска од 43 минута од видеото.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top