(ВИДЕО) Владиката Агатангел со политчки говор

Со молебен за татковината, повардарскиот митрополит Агатангел денеска во велешката црква свети пантелејмон, ја заврши божиќната литургија..

Во говор кој повеќе наликуваше на политички отколку на црковен, тој побара од верниците да се молат за зачувување на нашето свето и вековно име. Кога треба секој христијанин, секој Македонец да се радува на раѓањето господово, дел од нашиот народ тагува, рече владиката Агатангел.

Живееме во време на глобализација, која е најголемиот ерес, насочен кон православието, рече владиката во својот молебен за татковината. Вакви навреди и понижувања на ниту еден друг народ во светот не му се случуваат, продолжи Агатангел, упатувајќи им порака на политичарите, a при тоа споменувајќи ги кралевите и владетелите кои низ историјата бог ги испратил во пеколот.

Бог е правдата, љубовта и вистината и таа вистина ќе победи, рече агатангел потсетувајќи ги верниците дека во минатото велешани протерале тројца владици од својот град, оти работеле на уништување на се што е македонско. А својот говор го заврши со порака за сплотување и прекин на кавгите и расправиите, оти, како што рече, напаѓајќи се така, другите ни ја земаат државата.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top