(ВИДЕО): Владиката Петар пее патриоски песни на панихида

За жал, митрополитот Петар не гледа ништо лошо во тоа. Тој смета дека покажал и доблест што пеел патриотски песни..

Нецрковниот вчерашен настап на владиката на МПЦ, г. Петар предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Случајно или не, токму вчера, некогашниот австралиско-новозеландски митрополит владиката Петар, придружуван од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, испеа опелото на која не употреби црковна песна по повод панихидата од 115 годишнината од смртта на Методија Патчев, туку, на гробиштата ја запеа „Послушајте патриоти“.

Овој несекојдневневен чин, се одржа на гробот на Патчев во прилепско Кадино Село. Облечени во црна облека и со црни беретки, присуствуваа и членови на неколку патриотски здруженија, кои со знамиња на кои јасно беше испишано името на Тодор Александров.

Овој нецрковен настан сам по себе кој го направи самиот владиката Петар предизвика реакции и критики. Тој како свештено лице наместо црковни, испеа световни песни.

За жал, митрополитот Петар не гледа ништо лошо во тоа. Тој смета дека покажал и доблест што пеел патриотски песни.

- Да се пеат некој непристојни песни, да, јас лично би забележал и би барал прошка за тоа. Има Владици кои се однесуваат непристојно, а народот не реагира , а реагира затоа што Владиката запеал патриотска песна - вели сегашниот митрополит Преспанско-пелагониски.

Владиката Петар нагласи дека неговата постапка нема политичка заднина и не може да се поврзе со актуелните политички случувања.

- Тоа беше направено на гробот на Методија Патчев, не беше тоа по некој друг повод. Не отидов пред седиштето на ЕУ или на СЈО, па таму да пеам такви песни, тогаш некој можеше да ми забележи - тврди самиот владика.

За прв пат сме овде и ветуваме дека сето ова ќе стане традиција во наредниве години, како здружение стоиме на браникот за одбрана на татковината како вистински македонски синови посочи по настанот во прилепско Кадино село, Горан Лазарески член на Патриотските здруженија.

Да се вмеша во самите актуелни политички случувања на владиката Петар не е прв пат. Тој, но и негови црковно служители со денови учествуваа во политичките протести низ Прилеп како дел од „Заедничка Македонија“, а беа видливи со тоа што беа во првите редови со кандило в раце.

Неодамна владиката беше дел и од иницијативата „За заедничка Македонија“ во Битола.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top