(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Во Струмица се изигруваат законите за набавките да ги добијат фирми блиски на Заев

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара од Заев да им се извини на граѓаните обвинувајќи го за судир на интереси..

ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција презентираше постапки за јавните набавки во Струмица со кои, како што тврдат од партијата, се изигруваат законите со цел набавките да ги добијат претходно утврдени фирми на пријатели и роднини на градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

- Во еден ден, на 26.04.2010 година, Општина Струмица склучува дури четири договори со фирмата Дикор ЦД ДООЕЛ Струмица со иста намена, асфалтирање на улица во село Дабиле. Оваа фирма е во сопственост на Динчо Иванов, сопруг на пратеничката Цветанка Иванова. Вкупната сума која преку овие договори е исплатена на фирмата на Иванови е 1.029.539 денари - изјави Борче Стамов. 

Набавката, како што рече, е свесно поделена на четири дела за да се избегне законската обврска за распишување тендер. Овие четири договори биле склучени со непосредна спогодба.

Ова, според Стамов, е еклатантен пример како се изигрува законот и наместо да распише тендер, Заев за една иста градежна работа склучил четири различни договори и во ист ден, со иста фирма.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top