(ВИДЕО): ВМРО-ДПМНЕ за Зоран Заев - Го нарекуваат крадец, а му ветуваат поддршка за Влада

Во четири минутното интервју, поранешниот премиер Никола Груевски ги изнесе овие ставови..

Иако Заев го гледа како криминалец, тој би го поддржал само доколку лидерот на СДСМ се откаже од заедничката Декларација на албанските партии, или како што ја нарекува Груевски, Тиранската Платформа.

Во текот на интервјуто дадено во неделата за Канал5, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, освен што ја повтори својата понуда за СДСМ, тој воедно порача дека неговата партија подготвува документ за излез од политичката криза.

Но социјалдемократите не се заинтересирани за никаква понуда или поддршка од Груевски.

СДСМ повторно ги повика ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, да овозможат мирен трансфер на власта.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека ќе ги употребат сите демократски мерки за да се спречат плановите на мнозинството и воедно потенцираа дека, во вакви услови, не можат да го контролираат народот.


Извор: ТВ21


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top