(ВИДЕО) Во Австралија тукушто пристигна Македонскиот Национален Ансамбл „Танец“

Играорците на МКУД Ансамбл „Тоше“ и приредија топол пречек на „Танец“ на аеродромот во Мелбурн.

Домаќин на „Танец“ ќе биде Македонското Културно Уметничко Друштво Ансамбл „Тоше“ од Мелбурн.

Облечени во Македонски народни носии, играорците на МКУД Ансамбл „Тоше“, на аеродромот во Мелбурн ги пречекаа членовите на Македонскиот Национален Ансамбл „Танец“.

Концертот на „Танец“ во Мелбурн ќе се одржи „Melbourne Recital Centre“ во Недела на 17 ноември.

„Танец“ во Австралија ќе останат две недели и исто така ќе одржат концерти и во Сиднеј, како и главниот град на Австралија, Канбера .



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top