(ВИДЕО) Во Истанбул се отвара најголемиот аеродром во светот: Еве како ќе изгледа

Во Истанбул се отвара најголемиот аеродром во светот: Еве како ќе изгледа..

Новиот аеродромот во Истанбул, кој ќе биде најголем во светот, а чии свечено отварање е најавено за денеска е изграден на вкупна површина од 76,5 милиони квадратни метри.

Во првата етапа се планирани дневно пет слетувања, а исто толку и полетувања.

Планирани се внатрешни летови кон Анкара, Измир и Анталија, но и кон Турската Република Северен Кипар и Азербејџан кои ќе бидат први меѓународни летови. 

Другите фази од изградбата на аеродромот би требало да бидат завршени до 2023 година.

Аеродромот во финалната верзија ќе содржи шест одвоени писти, ќе има капацитет за 500 авиони, паркинг од отворен и затворен тип со капацитет од 70.000 возила и годишно ќе опслужува околу 200 милиони патници. 

Се очекува на аеродромот дневно да слетуваат и полетуваат 2.000 авиони, кон повеќе од 350 дестинации, а своите услуги ќе ги нудат 250 авиокомпании.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top