(ВИДЕО) Во Канада уапсен градинар кој убивал хомосексуалци, ги закопувал остатоците во саксии

Канадската полиција соопшти дека открила остатоци од најмалку шест луѓе во саксии и темели на куќа во северниот дел на Торонто која му припаѓа на 66-годишен маж, кој работи како градинар, обвинет за серија убиства..

Брус Мекартур бил уапсен минатиот месец и обвинет за убиства на пет мажи кои исчезнале пред неколку години во кварт на Торонто кој со децении е собиралиште на градската хомосексуална заедница.

Полицијата го нарече Мекартур сериски убиец, но е предмет на критики во канадската јавност бидејќи во месеците кога исчезнувале мажите не ја објавила информацијата дека некој ја напаѓа хомосексуалната заедница.

Сѐ уште трае пребарувањето на куќата како и друг имот во потрага по остатоци од тела, и се очекуваат уште обвиненија и можни жртви.

До сега е иденетификувана една жртва, 49-годишниот Ендрју Кинсман, соопшти детективот на полицијата на Торонти Хенк Идсинга на конференција за новинарите пред куќата во која се најдени остатоците. Потрагата по остатоците е отежната поради смрзната земја.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top