(ВИДЕО) Во Мелбурн по седми пат се одржа Македонскиот фестивал на храна

Уште еден успешен настан на Македонците во Мелбурн.

Денес во Мелбурн, Австралија по седми пат  се одржа Македонскиот фестивал на храна. 

И овој пат македонските културно уметнички друштва, спортските клубови, заедно со социјалните друштва ја претставија  Македонската култура преку храна, песна и оро овде во далечна Австралија.

Како и секогаш,  фестивалот беше збогатен и со културно уметничката програма. 

Оваа година покрај повеќето културно уметнички друштва од Викторија, свој придонес со своето присуство дадоа и пет културно уметнички друштва од Сиднеј. 

За фестивалот да биде уште поубав и повесел  се погрижија естрадните ѕвезди Благојче Стојановски - Туше, Вера Трајковска, Џими Стојановски, Изабела Јошески (Bella Paige), Golden Boys, а исто така ке настапи и танчерката Јасмина (Princess Jasmina).

Почесни гости беа Russichi, Sam Goroya и Golden sands.

Гордана Димовска читаше поезија - неколку поеми: Божица, Мајчиниот глас, Еј Македонијо, Македонски чеда, исто така и учениците од викториското училиште за јазици Килор Деонс прочитаа неколку стихотворби.....

Оваа година фестивалот беше одлично организиран, а секако и посетеноста беше на забележително високо ниво, односно голем број наши Македонци се одзваа и го посетија фестивалот со што допринесоа за зачувување на нашето она вековното односно зачувување на Македонската традиција и култура овде во далечна Австралија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top