(ВИДЕО) Во Мелбурн се одржа ден на Македонската култура во Престон Маркет 2018

Денеска Престон Маркет за прв пат беше домаќин и организираше Македонски ден на културата под името „Macedonian Day“.

Голем број на Македонци сплотени денес присуствуваа на Македонскиот Фестивал “Macedonian Day 2018” во Престон Маркет, Мелбурн.

Македонците ја претставија својата култура од традиционални македонски песни и ора в изведба на познати македонски фолклорни друштва од Мелбурн и Музички бендови.

Исто така присутните гости имаа прилика да скуват разновидни македонски специјалитети. Исто така за најмалите имаше детско катче со детски играчки како замок за скокање имаше катче за цртање, а имаше и фарма со животни на која што беше претставена дел од живината што се одгледува во Македонија 

Организатор на овој настан беше Престон Маркет во соработка со македонските организации „КУД Александар III Maкедонски“, „КУД Тоше - Австралиско-Македонски ансамбл за танц“, „МКУД Јане Сандански“, „МКУД Бисер“, „Групата Рум-Дум-Дим“, „Сенатор Бенд“, „Македонскиот женски хор“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top