(ВИДЕО) Во Мелбурн запалени знамињата на Грција, Бугарија и Албанија и сликата на Заев и Шекеринска

Пред Македонскиот Конзулат во Мелбурн запалени знамињата на неколку држави како и сликите на Заев и Шекеринска.

Денес во Мелбурн група граѓани одржаа протест пред Македонскиот конзулат во Мелбурн.

За време на демонстрациите тие запалија знамиња на неколку држави, како и сликите на Премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

За време на протестите се извикуваа пароли „Никогаш Северна, Само Македонија“, се интонираше Македонската химна, еден од говорителите беше Гоце Дуковски.

Од јарболот беше симнато Македонското држвавно знаме, и беше заменето со Македонското национално знаме со сонцето од Кутлеш.

На протести присуствува околу 50 Македонци кои протестираа против сегашната власт на Зоран Заев.

Погледнете го видеото кое што беше споделено на социјалните мрежи:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top