(ВИДЕО) Воена зона: Хамбург во пламен, повредени повеќе од 150 полицајци

Хамбург е претворен во воена зона. Демонстрантите се судрија со полицијата, палат автомобили, а црн чад се извива над градот низ кој патролираат оклопни возила..

Полицијата потврди дека итно побарала засилување поради многубројните нереди низ цел Хамбург. Повредени се повеќе од 150 полицајци, а уапсени се 50-тина демонстранти.

Демонстрантите ја нападнаат полициската станица во реонот Алтона, запалија полициски патролни возила и фрлија запаливи средства во близина на железничката станица, по што полицијата ги предупреди граѓаните да го избегнуваат тоа подрачје и да се држат подалеку од демонстрантите.

Во судирите со полицијата тешко се повредени 11 демонстранти откако паднаа од ѕид. Некои од демонстрантите паднаа од висина од четири метри, по што се здобија со тешки повреди, пренесува АП.

Портпаролката на првата дама на САД Меланија Трамп, Стефани Гришам, изјави дека сопругата на американскиот претседател поради демонстрациите во Хамбург не е во можност да го напушти готелот и нема да присуствува на денешните случувања на Г20.

АП јави дека демонстрантите кои се противат на глобализација го блокирале хотелот во кој е Меланија Трамп, па таа не може да им се придружи на сопругите на другите лидери и сопругот на германската канцеларка Ангела Меркел.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top