(ВИДЕО) Војската и демонстрантите се судрија во Венецуела, има и жртви

Големи судири меѓу војската и полицијата низ улиците на главниот град на Венецуела, Каракас..

Агенцијата „Спутник“, повикувајќи се на извори од странските медиуми пренесува дека во делови од престолнината се поставуваат барикади, а полицијата почнала да дејствува со солзавец.

Пратеникот од опозицијата, Хозе Оливарес, соопштил дека веќе паднала и првата жртва на протестите.

“Ни потврдија дека во болницата во Катиа бил донесен првиот загинат од огнено оружје”, напишал тој на Twiitter.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top