(ВИДЕО) Волчицата од Рим со неверојатен гест им приреди задоволство на фановите ветерани

Додека пандемијата КОВИД19 дивее по Европа и светот, фудбалските клубови се обидуваат да останат во „лер“ но притоа да бидат интересни за своите фанови..

Најдобар доказ за тоа е фудбалскиот клуб Рома, која дел од своите вработени имаа за задача да достават посебни пакетчиња за постарата генерација на фанови до нивните домови и тоа изгледаше фантастично.

Фудбалот е запрен и нема најава дека наскоро ќе се игра, а Рома направи еден посебен потег кој може многу да им значи на фановите во Рим.

Клубот од „Олимпико“ подготви посебни пакетчиња за постарите фанови на Рома со разни реквизити во нив, а пакетите беа разнесувани до домашните адреси на сите ветерани навивачи, епа Рома, секоја чест.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top