(Видео): WikiLeaks го објави сценариото на филмот The Fifth Estate

WikiLeaks го објави сценариото на биографскиот филм за Џулијан Асанж „The Fifth Estate“ со цел да предупреди на извртените факти кои ќе бидат претставени во него. Тие го нарекуваат филмот „неодговорен, контрапродуктивен и штетен“..

„The Fifth Estate“ се фокусира на самиот сајт и на неговиот основач Џулијан Асанж (кој го толкува актерот Бенедикт Камбербач), а треба премиерно да биде прикажан на 18.октомври.

„Повеќето од претставените настани никогаш не се случиле, ниту пак луѓето кои се претставени учествувале во нив“ - стои во официјалното обраќање на сајтот.

Филмот инаку е направен според книгата на Даниел Домшајт Берг кој претходно важел за соработник на сајтот, како и според книгата на новинарите Дејвид Ли и Лук Хардинг.

Асанж самиот исто така имаше неколку забелешки. Според него, драмата е анти-Wikileaks филм, а исто така истакна дека е ужасно искуството да се чуе како британски актер се обидува да го одглуми австралискиот акцент (сугерирајќи на глумата на Камбербач).



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top