(ВИДЕО) Заев: Дали е непотизам назначувањето на братучедот Мијалков за директор на ДБК?

По повикот на премиерот Никола Груевски, лидерот на CДCМ да одговори дали давал тендери на татко му и чичко му, денеска, на прес-конференција се огласи лично Зоран Заев..

- Не! Јас овој тендер го немам дадено на мојот татко или на мојот чичко. Институцијата која склучила договор со фирмата на моето семјество е детската градинка "Детска радост". Таа институција има одговорно и службено лице кое не се вика Зоран Заев - рече првиот социјалдемократ.

Заев го обвини премиерот Груевски и владејачката партија дека се одговори за зголемување на сиромаштијата во земјата и ги повика да одговорат дали е непотизам тоа што братучедот на премиерот е директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, а неговиот кум е министер за финансии.

Целата прес-конференција погледнете ја во видеото




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top