(ВИДЕО) Заев и Анѓушев: Беше воден транспарентен и јавен процес за грантовите од Фондот за иновации

На денешната собраниската седница за пратенички прашања, Претседателот на Владата Зоран Заев ги појасни ставовите околу критериумите и процедурите при апликациите за помош од Фондот за иновации..

„Ваквото аплицирање на комерцијалните субјекти, односно споменатата фирма каде што потпретседателот на владата Анѓушев има удел, според законот е дозволиво. Би имало конфликт на интереси доколку во Комисијата која ги доделувала грантовите членувале нивни блиски луѓе. Според законот може да аплицираат, се работи само за етички аспект, прекршување на законот нема. Кога аплицирањето е отворено а сите компании, тогаш е за сите компании. Законот го гарантира тоа право, а тие како административен орган не се задолжени да ја проверуваат сопственичката структура. За сопственичката структура на крајот се одлучува според етичкиот кодекс. На ваквиот етички дел имавме навремена и правовремена реакција на еден од содружниците. Сега сите ја гледаме значајноста на транспарентноста и на отворениот процес. Мој личен став е дека етичкиот дел е поважен од законскиот. Полагам надеж до сите министри и до овој, затоа што знам колку работи во Владата“, рече Премиерот Заев.

За транспарентноста и отвореноста на апликативниот процес зборуваше, односно појасни вицепремиерот Анѓушев нагласувајќи дека програмата е создадена врз основа на програмата на Светска банка, со таа разлика што е дополнета со неколку критериуми со цел да може што повеќе мали и микро компании да аплицираат.

„Фондот за иновативност донесе програма која што е слична и компатибилна со на програмата што Светска банка веќе ја имаше за Фондот за иновативност. На таа програма беа додадени одредени критериуми со цел повеќе фирми да може да ги задоволат условите и можеа да аплицираат во три мерки, за иновативност, за брзорастечки компании и за микро компании. На тој оглас, којшто беше транспарентен и траеше долго, се појавија околу 300 компании, од тие грантови добија 79 во сите три столба“, објасни вицепремиерот.

Вицепремиерот ги појасни и принципот на двостепено оценување, при што прво секој од проектите бил оценуван од тројца експерти, а потоа конечната одлука ја донел комитетот за одобрување на инвестиции, составен од пет независни члена, странски експерти. Исто така, Анѓушев појасни дека во аплицирањето немало никакви национални преференции.

„Во оваа година откако сум поставен за Потпретседател за економски прашања, никогаш не сум размислувал на начин која е македонска која е албанска компанија. Во мојата работата никогаш не се раководам од националноста на моите соработници, министрите, колегите. Никогаш не сум ни размислувам на начин да соработувам само со директори од македонска или само од албанска националност. И за компаниите и за колегите во државните институции, кај мене кон колегите има само еден пристап, дали знае или не знае да работи, дали може квалитетно да ги заврши работите или не. Никој немал намера и не размислувал во таа насока“, нагласи Анѓушев.

„Ве убедувам дека сум спремен лично, доколку треба да направиме сè, да работиме со сите мали и средни компании од целата држава, за да имаат капацитет и да може да аплицираат, за што веќе во моментов се работи на планирање програмирање на ИПА компонентата за подигнување на конкурентноста на малите и средни компании во наредните четири години, “, потенцираше вицепремиерот.

Пратеничката Рангелова се заблагодари на искреноста на одговорот на премиерот, „мислам дека не сте во право што не сте им дозволиле на роднините да аплицираат за ајварот, но мислам дека фирмата на Анѓушев на требала да аплицира“, рече Рангелова.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top