(ВИДЕО) Заев: Изборите беа фер и демократски, нема да има предвремени парламентарни

Уште сега се знае каков резултат ќе имаат предвремените избори, рече лидерот на СДСМ..

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва одговори дека нема да има предвремени парламентарни избори зашто се знае каков резултат ќе донесат. Тој оцени дека Македонија денеска имаше кристално чисти избори и побара од ВМРО-ДПМНЕ да ја преиспита одлуката да не ги признае изборите.


- Ова е голема победа на граѓаните на Македонија, и им честитам на сите за денешниот празник на демократијата. Имавме фер и чисти избори. Имавме избори кои се слика за желбата на граѓаните, а резултатот беше очекуван за сите. Денеска граѓаните ја потврдија победата и уште еднаш се определија за поквалитетен живот за сите. СДСМ победи во голем број општини. Тоа за нас е доказ дека сме во вистинскиот правец, дека граѓаните сакаат земјава да биде дел од НАТО и ЕУ и второ дека одговорноста е на нас и нашите партнери - изјави по завршетокот на вториот круг од локалните избори лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Нагласи дека заврши времето за славење и од вечерва продолжува животот и посветеноста кон граѓаните. 

- Имаме изгубени години за надоместување, големи очекувања од граѓаните, а зборот е збор. Ние зборот го дадовме пред граѓаните. Не смее да има еуфорија. Од утре работиме за стандардот на граѓаните. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да го преиспитаат својот став, и тие самите знаат дека денешните избори беа фер и демократски. Им ги разбирам овие моменти во кои тие се наоѓаат, но се надевам дека ќе дадат придонес во реформите за добро на државата - рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање за денешните ставови на Никола Груевски, кој побара предвремени парламентарни збори според пржинскио тмодел, Заев со кренати рамена рече:

- Што да ви кажам, бара СЈО. 

Лидерот на СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го преиспита својот став за непризнавање на изборниот процес, бидејќи, како што рече, тие знаат дека изборите минаа во целосно демократска атмосфера.

- Се надевам дека ќе изнајдете сили да се однесувате како одговорен политички субјект и ќе се вклучат и ќе дадат конструктивен придонес за реформите. Апелирам до раководството на ВМРО-ДПМНЕ во прв план да ги стави интересите на граѓаните - порача Заев. 

Запрашан од новинарите дали е за вонредни парламентарни избори, Заев одговори:

- Уште сега се знае каков резултат ќе имаат, но дефинитивно однесувањето после победи и еуфории е типично за нив. Земјава има многу за работење, затоа асполутно немам никаков коментар за вакви барања. Никој не го дели неговото мислење од тоа што тој го прочита. Изборите беа фер, кредибилни и кристално чисти. Мнозинството во Собранието ќе се зголемува, но тоа не значи преминување од една во друга партија. Но знам дека мнозинството за напредна Македонија ќе расте. Локалните и општините се многу важни, сега останува ние политичарите да им вратиме со добри дела на граѓаните. Ние немаме променети ставови. Локалните избори се многу различни од парламентарните. Ја поддржавме ДУИ, а Алијансата направи коалиција со Беса - рече Заев.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top