(ВИДЕО) Заев на грчката национална телевизија се откажа од Егејците и од топонимите

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ и уште пред да стапи договорот на сила се откажа од Mакедонците во Егејска Македонија и од македонските топоними таму, па така за Заев Солун повеќе не е Солун, туку Тесалоники..

Mакедонците во Грција не се Mакедонци, туку наши пријатели кога одиме во Тесалоники, по зборовите на премиерот.

– Значи ние го прифаќаме хеленистичкиот македонски идентитет и немаме ништо против тоа и го признаваме. Тоа се веројатно наши пријатели кога сме присутни во Тесалоники, на краците, вели Заев во интервјуто за ЕРТ.

Според Заев ние како народ имаме друг идентитет и немаме ништо со античката историја, која тој ја нарекува хеленистичко македонска историја, која според него и припаѓа на Грција. Така откажувајќи се од Александар Македонски, Филип II, целата антика се до средниот век, историја која според договорот е грчка.

– Ние сме различни во рамките на овие граници, со нашата посебност, со нашата култура, со нашата историја, заклучува премиерот Заев.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top