(ВИДЕО) Заев: Следна цел е датум за преговори во јуни

Владата уште поенергично ќе ги води реформските процеси за во јуни Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави перемиерот Зоран Заев утрово на заедничка прес конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан..

– Подготвени сме за нов чекор напред. Чистата препорака е силен мотив за следната тешка, но достижна цел. Одлуката за добивање датум за преговори на Самитот во јуни е нашата следна цел. Цврсто сме определени да спроведеме суштински реформи. Ќе определиме нов план за реализација на реформите до крајот на 2018. Извештајот на ЕК ги вреднува сите наши почнати заложби што се одлика на една демократски ориентиранa држава – изјави Заев кој за ова го информирал и Хан на утринската средба.

Тој се заблагодари на сите граѓани за овој успех. Комесарот Хан им честиташе на Владата и на опозицијата, како и на сите граѓани за овој успех и му го предаде Извештајот на премиерот Заев.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top