(ВИДЕО) Заев во „Само Вистина“ ако треба и импичмент ќе покренеме за Иванов

Има желба за окрупнување на парламентарното мнозинство и тоа ќе го направиме исклучиво за импичмент на претседателот ако мораме, рече Претседателот на Владата Зоран Заев во вечерашното издание на ,,Само Вистина“..

„Јас сум претседател на извршната власт која работи чесно, отчетно и транспарентно, не се заканувам само кажувам дека ако некој ја кочи можноста граѓаните да се изјаснат и таа одлука апсолутно мора сите да ја почитуваме до крај. 27 години независна Македонија , заврши времето на пренемагање ,лажење и лични калкулантства. Јас повикав да ја поддржиме европска Македонија. Ние сме тука и да слушаме и да спроведуваме , граѓаните ќе имаат шанса да одлучат секој оној што ќе се обиде ттоа да го спречи ќе направам се да ја отстранам блокадата“, изјави Заев

„Право на граѓаните е да дојдат до конечно право со сите информации на маса да одлучат да се изјаснат, независно што набрзо се и претседателските избори, рече Заев. Заев во вечерашното издание за прв пат открти детали дека претходниот Премиер Груевски, прифатил Република Горна Македонија и Република Северна Македонија и дека не треба сега некој да изиграва и да ја залажува јавноста. Премиерот говореше во детали за тоа што значи договорот и повика сите граѓани внимателно да го прочитаат и да ја донесат правилната одлука“ додаде претседателот на СДСМ.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top